Поларни температури – живата на термометарот ќе отиде до -20

Влијанието на поларниот воздушен бран кој се спушта од Русија ќе се задржи и за претстојниот голем Христијански празник, Рожденство Христово – Божиќ.

Ќе продолжи периодот на променливо време со повремени локални послаби врнежи од снег, и понатаму ќе продолжи да дува северниот ветер што ќе услови понатамошно спуштање на температурите, анализира Славчо Поповски.

Се вчитува...

Во текот на следните празнични денови наутро температурите на некои места ќе се спуштат дури до околу -15, -16 степени а на планинските места и под -20 степени.

Многу ниски ќе бидат и максималните температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 0 степени.

Поради многу ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица па така пешаците, а особено возачите да бидат претпазливи.

Инаку според последните податоци најмногу снег низ градовите има во Битола, и тоа 15 сантиметри, во Маврово пак снежната покривка изнесува околу 30тина сантиметри.

Извор: ТВ21