Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Полицијата кај жената која го изведе нападот во училиштето во Нешвил и притоа уби шест лица, пронашла бележник во кој било нотирано дека таа планирала и напади на други локации, соопшти американската полиција.

Во пронајдениот „манифест“ се наведувало дека „ќе има убиства на неколку локации и училиштето е едно од нив“, изјави шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк за американската телевизија.

Во приватното христијаснко основно училиште во американскиот град Нешвил вчера беа убиени три деца и тројца возрасни.

Напаѓач беше младата трансродова жена Одри Елизабет Хол (28) која беше пронајдена мртва по вооружена пресметка со полицијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното