Полициски претреси утрово на повеќе локации низ Скопје.
Од ОЈО ГОКК велат дека во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител, извршиле претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир.
Како што велат, претресите се поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.