Половина од територијата на Македонија користи струја од Бугарија по испад на македонскиот систем, рече бугарскиот министер за енергетика

Половина од Македонија во моментов користи струја од Бугарија, откако утрово нашата мрежа колабираше поради колеми количини на енергија, а малку потрошувачи.

„Половината од територијата на Македонија можеме да гарантираме дека долгорочно ќе биде напојувана преку бугарската мрежа без да има било какви проблеми“, изјави бугарскиот министер за енергетика.

Бугарскиот министер за енергетика Жечо Станков рече дека утрово енергетскиот систем на Југоисточна Европа бил ставен на сериозен тест – точно три недели по големата несреќа во Шпанија и Португалија.

„Во раните утрински часови во неделата, системот се соочи со големи предизвици, со високи напони поради мала потрошувачка и голема количина на реактивна енергија. Бугарија има 90% од своите компензирачки капацитети и успеавме да ги совладаме сите процеси за да можеме да им помогнеме и на нашите соседни земји. Ѝ помагаме на Северна Македонија по колапсот таму и имаме барање да го вратиме напонот и на други 110 киловолтни далноводи – покрај „Беласица“ , изјави Станков.

Проблемот не е само во Македонија. Министерот за енергетика на Бугарија, Жечо Станков, изјави дека и други земји во регионот, вклучувајќи ја и Србија, се соочуваат со слични прекини.

Од бугарското Министерство за енергетика нагласуваат дека обновливите извори на енергија не се причината за дефектот, туку се работи за технички проблем поврзан со реактивната енергија што предизвикала нестабилност на мрежата. Хрватска, исто така, пријавила слични проблеми.

Во раните утрински часови, голем дел од Македонија остана без електрична енергија. Прекинот започнал околу 5 часот, оставајќи ги во мрак Скопје, Прилеп, Кочани, Гевгелија, Штип, Куманово и други градови низ државата.

Од АД МЕПСО информираа дека се работи за краткотраен испад на 110 kV преносната мрежа, предизвикан од високи напони на 400 kV мрежата низ целиот регион. Овие услови довеле до прекин во работата на енергетските трансформатори 400/110 kV во трансформаторските станици.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното