Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција не е планирана во наредните недели, пренесе ТАСС.
Немам такви информации. Колку што знам, посетата на Путин на Анкара не е планирана во наредните денови, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање. По појаснувањето, тој додаде дека „таква посета не се подготвува“ во наредните недели.
Турскиот весник Стар денеска објави дека Путин би можел да ја посети Турција по разговорите меѓу рускиот вицепремиер Александар Новак и турските претставници во Анкара.
Според изданието, високата руска делегација ќе разговара за економски прашања. Ќе се разговара и за подготовките за состанокот на Советот за соработка на високо ниво на Русија и Турција, кој треба да се одржи оваа година. Стар потсетува дека во претходниот телефонски разговор со Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покани во Турција на Советот за соработка на високо ниво.
