Македонија тагува.ж
Денеска последно збогум за жртвите од трагедијата во Кочани.
Владата подготви посебни протоколи за денешните настани во Кочани и другите градови од каде што имаше загинати во трагедијата.
Во исто време, 7 полицајци од Штип и Кочани се приведени и одреден им е притвор, бидејќи со својата работа придонеле за трагедијата. Тие знаеле дека дискотеката нема услови за работа, но спротивно од тоа дале согласност истата да добие лиценца за работа. Во притвор остануваат и претходно приведените, меѓу кои и министерот на економија од претходната Влада.
Во однос на здравствената состојба, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека поминаа критичните 72 часа по трагедијата и дека нема нови жртви, а дел од повредените веќе се пуштаат на домашно лекување.
За утре во Кочани е најавен нов протестен марш на кој се бара правда за жртвите од трагедијата.