Постара жена починала на гласачко место во полскиот град Шчеќин, јави новинарката на „Полсат њуз“, Ана Носалска.
„Полицијата доби пријава за смртта на жена на гласачкото место пред 9 часот наутро. Постарата жена се онесвести и и покрај обидите за реанимација, не беше можно да ѝ се помогне“, изјави Евелина Гришпан од Полициската команда на градот Шчечин.
Гласачкото место е отворено и гласањето продолжува.
За потсетување, Полјаците денес почнаа да гласаат во 7 часот наутро во првиот круг од претседателските избори, одлучувачки избори за иднината на сегашната проевропска влада.
Градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски (53), долгогодишен проевропски политичар, останува фаворит во трката со околу 30% од проценетите гласови, а во вториот круг, закажан за 1 јуни, би можел да се соочи со националистичкиот историчар Карол Навроцки, кој според анкетите освојува околу 25% од гласовите.