Лошиот и непријатен здив умее да доведе во многу непријатна ситуација. За среќа, постои начин да се решите од тој проблем за многу брзо време.
Рецептот дејствува веднаш, а еве што ви е потребно:
- половина мала лажичка цимет во прав
- една мала лажица мед
- 2 лимони
- 200 милилитри топла вода
Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл. топла вода. Мешајте додека медот не се растопи, а потоа додаjте го сокот од лимон. Целата смеса измешајте ја уште еднаш и префрлете ја во тегла со капак, која подоцна ќе ја ставите во фрижидер.
Со оваа течност треба темелно да ја исплакнете усната шуплина, а постапката можете да ја повторувате кога и колку сакате.
Целта на циметот и лимонот е да ја дезинфицираат усната шуплина и да ги „убијат“ бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, додека пак медот ѝ дава на течноста попријатен вкус.
Покрај тоа што ќе ви го реши проблемот со непријатниот здив, оваа комбинација е одличен борец против вирусите и настинките, бидејќи го зајакнува имунитетот и дејствува како антиоксиданс.