Човештвото се соочува со тивка, но смртоносна закана. Токсичните хемикалии станаа неизбежен дел од нашиот екосистем, а таканаречените „вечни хемикалии“ (PFAS) веќе се наоѓаат во водата што ја пиеме и храната што ја јадеме. Ова се загрижувачките заклучоци од најновиот извештај „Невидливи состојки“ на меѓународната организација „Системик“ (Systemiq).
Акумулација без можност за чистење
Извештајот предупредува дека овие супстанции се шират преку воздухот, дождот, реките и подземните води. Главниот проблем е што тие се акумулираат во синџирите на исхрана и практично е невозможно да се исчистат во значителен обем.
„Упорни супстанции како „вечните хемикалии“ (ПФАС – PFAS)… се акумулираат во синџирите на исхрана и не дозволуваат чистење од нив во значителен обем“, се наведува во анализата.
Заразени 600 животински видови
Хемикалиите не ги заобиколуваат ниту најизолираните делови на природата.
- Див свет: Потврдено е присуство на „вечни хемикалии“ во ткивата на над 600 диви животни.
Земјоделството е презаситено со отрови
Податоците за земјоделството се подеднакво алармантни:
- Почва: Дури 80 отсто од земјоделските почви на глобално ниво содржат остатоци од пестициди.
- Економски загуби: Парадоксално, прекумерната употреба на пестициди наместо да го зголеми приносот, предизвикува загуба врз земјоделските култури во вредност од 16 милијарди долари.
