Уапсен е човекот кој ја постави бомбата за експлозијата во Истанбул, во која загинаа шест лица, а 81 беа повредени. Уапсени се повеќе од 20 лица кои можеби се вмешани во нападот, соопшти турското МВР.
Ова го соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Според последните истраги, веруваме дека ова е терористички чин извршен на оваа раскрсница како резултат на активирање на бомба од напаѓач, за кој веруваме дека е жена“, рече Фуат Октај, потпретседател на Турција.
Се вели дека жената ја оставила експлозијата во плик или торба на клупа на централниот булевар Истиклал во Истанбул. Експлозивот бил активиран неколку минути откако таа го напуштила местото на настанот.
Вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашкиот напад наликува на терористички акт. Сојлу ја обвини ПКК за нападот.
Во нападот нема повредени македонски државјани.