По речиси три години од страшната сообраќајка во која прегазена беше 23-годишната Теодора Ристовска, утре во Тетово ќе има повторно судење.
Семејството на Теодора вели дека се соочува со неправда затоа што возачот кој ја усмрти, не одлежал ниту еден ден затвор.
Тие прашуваат до кога треба да чекаат за правда!
„Обвинетиот поднесе жалба до Апелациониот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење“, вели сестрата Ева Ристовска.