Пожар во хотел во Пакистан, најмалку тројца загинати

Во пожар во хотел во источниот пакистански град Лахор во неделата загинаа најмалку три лица, а најмалку осум други беа повредени, соопштија спасувачките служби.

Хотелот е евакуиран, а пожарот оттогаш е изгаснат, соопшти Управата за управување со катастрофи во Пенџаб.

Пожарникарите истражуваат дали причината е истекување на гас, а главната министерка на Пенџаб, Меријам Наваз Шариф, објави на Твитер дека лично ја следи ситуацијата по инцидентот во населбата Гулберг во градот.

Минатата недела во трговски центар во јужниот пакистански град Карачи избувна голем пожар, при што загинаа 71 лице.