Пожар во Скопје зафати бутик, стан и возила – причинета значителна штета

Рано утрово, во 03:15 часот, на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, опожарен беше продажен објект – бутик во сопственост на И.М. (54) од Скопје, сместен на приземјето на станбена зграда. Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.

Пожарот ја зафатил фасадата на зградата, делумно оштетил стан над бутикот во сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна единица на клима уред и прозорци на стан во сопственост на М.Ј. (79) од Скопје.

Дополнително, оштетени се и две патнички возила: „Шкода Камик“, паркирана од М.Т. (48) од Скопје, и „Форд Фокус“, сопственост на Љ.Р. (55) од Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита го локализирала пожарот, а увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното