РЦУК Кавадарци, известува од ТППЕ Кавадарци, МВР ОВР Кавадарци, ЈП „Градски Превоз“ – Кавадарци и од Градоначалник на Општина Кавадарци дека пожарот на старечки дом с.Чемерско (Опш.Кавадарци) интервенираат ТППЕ Кавадарци со 12 пожарникари и 3 ПП возила и едно возило за прва помош, МВР ОВР Кавадарци 7 полицајци, 2 возила на Итна медицинска помош, и два минибуси на ЈП „Градски Превоз“ Кавадарци за транспорт на лицата.
Првични податоци е дека нема настрадани лица, а од сместените лица во домот 5 се неподвижни.
Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општа Болница Кавадарци.