Пожарникар повреден во пожарот во магацин во Врапчиште

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (опш.Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен.

Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот.

Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сеуште се на терен.

Не се познати причините за настанување на пожарот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното