Јапонската јутјуб ѕвезда Јошиказу Хигашитани, остана без работа како пратеник откако не се појавил на работа. Јапонскиот парламент донесе одлука да го протера Хигашитани поради неговото континуирано отсуство, а ова е првпат вакво нешто да се случи по повеќе од 70 години, пишува Си-Ен-Ен.
Јошиказу е попознат по неговиот онлајн алијас GaaSyy, под кој водел канал на YouTube кој се фокусирал на озборувања на познати личности. Тој беше избран во Горниот дом на јапонскиот парламент во јули 2022 година. Не присуствуваше на седниците на Парламентот, а не одговори ниту на „писмото за покана“ на претседателот на Горниот дом. Јапонскиот закон предвидува дека членовите на парламентот мора да дојдат во Домот на денот на свикувањето.
За време на пленарната седница, на 8 март, GaaSyy била надвор од земјата, јавуваат локалните медиуми. Во видеото што го објави, тој рече дека ќе оди во Турција за да им помогне на областите погодени од неодамнешниот разорен земјотрес, објави ТВ Асахи соработникот на Си-Ен-Ен на 6 март.
Од GaaSyy претходно беше побарано да се извини за неговото отсуство, но тој не го стори тоа. Дисциплинската комисија на Горниот дом во вторник едногласно одлучи да го исклучи од пратеничката функција, што е најстрога можна казна. Неговото протерување е прво по 72 години и само трето според сегашниот јапонски устав. Претходно, претставниците од Горниот дом беа протерани во 1950 и 1951 година.
Јапонските медиуми објавија дека GaaSyy одбил да дојде во парламентот бидејќи се плашел дека ќе биде уапсен доколку се врати во својата земја. Неколку познати личности го тужеа за клевета поради содржината на некои од неговите видеа на YouTube.