На третиот ден од расправата во Собранието за пристапување кон уставни измени и прифаќање на договорот од Преспа за промена на уставното име, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија за уставните измени, и порачаа побрзо да се премине на гласање.
Ги повикаа и колетите од СДСМ да го сторат истото, со цел да се премине кон гласање за прифаќање на договорот од Преспа. Во досегашните дискусии, позициите на власта и оние на опозицијата засега се различни.
За прифаќање на договорот од Преспа, потребно е двотретинско мнозиство.
Остануваат уште дваесетина пријавени пратеници за дискусија, а според динамиката, на гласање би требало да се премине утре или во петок, со што конечно ќе се знае дали ќе биде прифатен договорот меѓу Грција и Македонија, или ќе има предвремени парламентарни избори.