ПРЕДЛОГ: Меморијален парк на местото на трагедијата во Кочани

На местото каде што животот го загубија 59 млади луѓе во трагичниот пожар во Кочани, се предлага изградба на меморијален парк од 1600 квадратни метри – тивок и достоинствен простор што ќе го чува нивното сеќавање и ќе понуди духовен мир за сите што ќе го посетат.

Проектот предвидува високи тополи што ќе создаваат чувство на заштита и интимност, како и меморијален ѕид со имињата на загинатите – траен потсетник на нивната жртва. Во паркот ќе има и фонтана, симбол на животот и обновата, како и мала црква која ќе внесе духовна димензија и ќе претставува место за молитва и смиреност.

Просторот ќе биде облагороден со зеленило, лаванда и други природни елементи, кои ќе придонесат за мирна и медитативна атмосфера. Паркот ќе биде место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила.

„Како граѓанин на Кочани чувствувам обврска да дадам свој придонес за ова место никогаш да не биде заборавено. Верувам дека ваков парк ќе ја одржи живата меморија за нашите сограѓани и ќе биде симбол на достоинството на целата заедница,“ вели авторот на иницијативата Дарко Арсов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното