На маж му бил дијагностициран тумор на мозокот откако одеднаш станал по „агресивен“ во сексот.
Шон Тарнер (38), татко на две деца, се шокирал кога му кажале дека има тумор на мозокот со големина на портокал, а дека неговото бизарно однесување во кревет е еден од симптомите. Во тој момент веќе го губеше видот и сетилото за мирис, кои се исто така симптоми на опасна болест.
Туморот, всушност, бил откриен по очен преглед кој го закажала неговата сопруга, што предизвикало загриженост кај медицинските лица кои го упатиле на скенирање на мозокот, а по успешната операција Британецот раскажал какви промени доживува.
„Мојата личност се промени. Инаку сум весела и опуштена со многу енергија. Туморот ме правеше постојано уморен, но и многу „напален“ и агресивен“, ги објасни своите изливи на енергија и значително зголеменото либидо.
Туморите на мозокот можат да предизвикаат промени во личноста, особено ако се наоѓаат во фронталниот лобус на мозокот, кој ги регулира личноста и емоциите. Вообичаените промени на туморот на мозокот вклучуваат зголемена раздразливост, агресивност, збунетост и заборавеност, како и промени во расположението и недостаток на интерес и мотивација.
Тарнер беше официјално дијагностициран во 2014 година, а сите негови претходни симптоми, заедно со губењето на видот и чувството за мирис, добија смисла.
„Искрено, кога дознав, не ми изгледаше реално. Целото мое семејство и пријатели беа толку загрижени за тоа што не можев да покажам слабост или да дозволам да ме мачи. Имав позитивен став и искрено верував дека ќе бидам добро, но внатре бев преплашен“, изјави Тарнер.
Истата година му бил отстранет туморот, а во 2020 година повторно отишол на радиотерапија за да ги отстрани „многу малите траги“ што останале од туморот. Сега оди на редовни прегледи и скенирања, пишува Daily Mail.