Балкан

Премиерот на Хрватска: Јас и Доналд Трамп разговаравме за енергијата и одбраната и за НАТО

Премиерот на Хрватска: Јас и Доналд Трамп разговаравме за енергијата и одбраната и за НАТО

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на својот официјален профил на социјалната мрежа Х објави дека телефонски разговарал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, при што му ја честитал победата.

Двајцата разговараа за зајакнување на билатералните односи, „особено во енергетиката, одбраната и НАТО“.

Пленковиќ, исто така, посочи дека тој и Трамп разговарале за продолжување на поддршката за Украина во светло на актуелните глобални предизвици. Хрватскиот премиер истакна дека Трамп изразил длабока почит кон хрватскиот народ.

Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД на 5 ноември оваа година, ја презема функцијата на 20 јануари следната година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни