Летонскиот премиер Крисјанис Кариниш најави дека во четврток на 17 август ќе ја поднесе оставката до претседателот Едгарс Ринкевич. Премиерот рече дека партиите, вклучително и национал-конзервативната партија „Сите за Летонија!“, „ги блокираат можностите за економски раст“.
„Ќе ја поднесам мојата оставка до претседателот во четврток. Ја повикав партијата Ново единство (дел од владејачката коалиција) да предложи нов кандидат за премиер“, напиша Каринш на Твитер.
Кариниш е премиер на Латвија од јануари 2019 година. Како резултат на изборите во октомври, беше формирана владина коалиција од партијата Ново единство на Кариниш, која освои 26 места на изборите, Обединетата листа со 15 пратеници и Националната асоцијација со 13 пратеници.