Премиерот на Црна Гора Милојко Спаиќ рече дека во тек е вонредна седница на Владата и дека прогласена е тридневна жалост.
„Ужасна трагедија која не погоди сите во селото во близина на Цетиње. Сите екипи се на терен. Го бараме извршителот, на добар пат сме, имаме четири тешко повредени лица, сите се борат за живот, сите се во операциона сала. Во тек е вонредна седница на Владата, ќе објавиме три дневна жалост, ги замолувам сите општини да ги откажат концертите“, изјави премиерот на Црна Гора Милојко Спаиќ.
Тој рече дека за утре се размислува да заседава и Советот за безбедност на кој би се разгледувале опции за построги казни и критериуми за добивање дозвола за оружје.
Полицијата трага по Ацо Мартиновиќ: Во Цетиње убиени седум лица, меѓу нив две деца!
„Ќе ги заостриме критериумите за држење оружје, утре веројатно ќе имаме Совет за национална безбедност каде што ќе ги разгледаме сите опции, дури и целосна забрана за оружје и тоа доаѓа во предвид. Ова е трагедија која треба да не натера да се запрашаме кој може да има оружје во Црна Гора и спорт и лов, разбираме се, но мора да се заострат критериумите што е можно повеќе и казните за оние кои нелегално поседуваат оружје, кои нелегално носат оружје. Имаме хроничен недостиг од полицајци во сите општини тоа треба итно да се реши“, рече Спајиќ.
На новинарско прашање околу можните мотиви за нападот, премиерот рече:
„Во моментов од информациите кои ги имам и со кои располагам, а кои не се официјални, знам дека нема поврзаност со подземјети или криминални групи туку дека се започнало од обична кавга во кафеана“, додаде премиерот.
Ги повика граѓаните да останат во своите домови и да се чувствуваат безбедно, бидејќи како што рече сите сили се на терен, а во готовност е и војската.
Директорот на болницата каде се префрлени четири лица соопшти дека сите се во операциони сали и имаат животозагрозувачки повреди.