Суга ја истакна клучната улога на Токио во американските обиди да ѝ се спротивстават на Кина. Се очекува двајцата лидери да дискутираат и за прашањата за човековите права во Кина и ситуацијата околу Хонгконг.
Јапонскиот премиер Суга е првиот странски челник со кој во живо се сретна американскиот претседател Бајден во Белата куќа.
Суга ја истакна клучната улога на Токио во американските обиди да ѝ се спротивстават на Кина. Се очекува двајцата лидери да дискутираат и за прашањата за човековите права во Кина и ситуацијата околу Хонгконг.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Бајден и Суга ќе се осврнат на „сè поагресивните активности на Пекинг кон Тајван“.