Пресечен канал за шверц: Во македонски камион со рециклирана отпадна хартија пронајдена и голема количина дрога!

Царина и Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи фатиле поголема количина дрога на граничниот премин.

Според неофицијалните информации, тие заеднички и координирано пресекле канал за шверц на наркотична дрога, па од синоќа на Граниниот премин од Царина и Полиција активно се тресе и растура камион со македонски таблички товарен со рециклирана отпадна хартија.

Според првичните информации, камионот во земјава влегол од Косово и требало да оди за Грција, па од таму кон Турција како веројатна крајна дестинација.

Заедничката меѓуагенциска соработка и активности ја докажуваат определбата за борба против криминалот и корупцијата на секое поле.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното