Претседателката помилуваше шест лица, ова се имињата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, донесе одлука за помилување на шест осудени лица, со целосно, делумно или условно ослободување од извршување на казната затвор, дознава 4NEWS.mk

1. Марија Драгиша Филиповиќ од Куманово – казната затвор во траење од 3 месеци ѝ се заменува со условна осуда за време од 1 година.

2. Љубица Стеван Стојчевски од Скопје – потполно ослободена од извршување на казната затвор.

3. Тони Милан Стојчевски од Скопје – потполно ослободен од извршување на казната затвор.

4. Мете Мехметали Пашај од Чоровод – потполно ослободен од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од казната затвор.

5. Милан Никола Косановиќ од Белград, Република Србија – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.

6. Васе Ѓоко Чутров од Неготино – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.

Одлуката стапува на сила веднаш по нејзиното потпишување, а целосниот текст е објавен во службениот весник. Помилувањата се реализирани врз основа на уставните и законските овластувања на претседателката.

Одлуката е објавена во најновиот број на Службен весник (бр. 139 од 10 јули 2025).

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.