Денеска на територијата на Украина се одржуваат претседателски избори. Имало дури 39 кандидати, кои во предизборната кампања ветија дека ќе ја извлечат земјата од економските проблеми и дека ќе се борат против корупцијата.
Нешто повеќе од 16% излезеност имало после 11 часот денеска.
Меѓу кандидатите, а воедно и фаворит да победи е комичарот Володомир Зелинскиј кој на телевизија го емитираше актуелниот шеф на државата, Петро Порошенко. Наместо класична изборна кампања и митинзи, тој се одлучи за „стенд-ап“ шоуа, со кои ги исмејуваше останатите политичари.
Анкетите покажуваат дека позади Зелинскиј се токму Порошенко и поранешната премиерка Тимошенко, двајцата во минатото обвинети за сериозна корупција.
Доколку некој од кандидатите не добие мнозиство гласови, ќе има втор круг кој ќе се одржи на 21. април. На изборите нема надгледувачи од Русија за прв пат во историјата на украински избори.