Свет

Пристаништата во Романија се затворени поради силниот ветер

Пристаништата во Романија се затворени поради силниот ветер

Пристаништата во Романија – Констанца Север, Констанца Југ и Медиа утринава се затворени за поморски и речен транспорт поради силните ветрови, јави агенцијата Агерпрес, повикувајќи се на информативниот центар на Генералниот инспекторат на романската полиција.

Полицијата привлекува внимание на фактот дека во многу области на земјата, вклучително и главниот град Букурешт, сообраќајот се одвива во услови на дожд.

Националната метеоролошка служба соопшти дека од 9 до 22 јануари ќе биде променливо, со опаѓање на температурите од ден на ден оваа недела. Врнежи од дожд се очекуваат особено на 11 и 12 јануари, а на планините снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни