Приведен е директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми, јавува Канал 5 телевизија.
Според информациите, СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одземала дополнителна документација и лишила од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.
Најверојатно се очекува истите и да заработат Кривична пријава пред ЈО.
Рустеми за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025, а важи за кадар близок до Блерим Беџети.
Претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“ од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до 2024 помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.