Приведен екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски, попладнево е приведен и се наоѓа во полициската станица Кисела Вода.

Основното јавно обвинителство во Скопје, заедно со Управата за финансиска полиција, преземаат мерки за обезбедување докази во случај поврзан со кривични дела, како што се примање и давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во рамките на истрагата, се вршат претреси на неколку локации во Скопје, за кои е издадена наредба од судија на претходна постапка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното