Полицијата денеска го привела Е.Б. (28) од село Арачиново кој признал вина за три тешки кражби од товарни моторни возила на кванташкиот пазар во Скопје во текот на јуни и јули.
– Денеска (06.09.2023) полициски службеници од ЕВР Гази Баба и Единицата за интервентна полиција го приведоа Е.Б. (28) од село Арачиново, скопско, поради основано сомнение дека извршил три тешки кражби од товарни моторни возила на кванташкиот пазар во Скопје во текот на јуни и јули, стои во сопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека при признавањето, Е.Б. ги појаснил начините на извршување на кривичните дела, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава