Променливо облачно со кратки сончеви периоди, температурата до 16 степени

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, преку денот наместа ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура до среда ќе биде во постепен пораст, а потоа во благо опаѓање.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното