Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.