Променливо облачно со сончеви периоди, утре дожд!

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T= 12 °C, P= 984 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Утре ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за
време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното