СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(38) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми за огнено оружје со различен калибар, патрони за ловечка пушка калибар 12 мм, 101 куршум со ознака Л22 за малокалибарска пушка и четири воздушни пушки.