Група граѓани протестираа против Договорот од Преспа во Птолемаида, Грција, па посетата на министерката за цивилна заштита нa Грција, Олга Геровасили на Птолемаида, во Северна Грција помина со инциденти и тензии меѓу полицијата и насобрана група граѓани.
Според локалните медиуми, едно лице со повреди на главата било пренесено во болница, а биле повредени и четворица полицајци.
„Македонија е грчка“, „Ципрас, предавнику“ извикувале насобраните граѓани, објавуваат локалните медиуми.
Министерката за протестот напишала на Фејсбук дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас.