Протестни писма доставени и до пратениците Василевски и Арнаудов

Припадниците на Движењето против уставните промени „Македонија Блокира“ како што и најавија вечерва продолжија со доставување протестни писма до пратениците на опозицијата кои гласаа за отворањето на прашањето за уставни измени.

Тие вечерва ги посетија домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници да ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, кои според нив, го кажале својот став по уставните измени со неизлегувањето на Референдумот. Истовремено тие бараат од пратениците да го сменат својот став на второто изјаснување во Собранието кога ќе има потреба од двотретинско мнозинство.

Пратеникот Василевски на припадниците на „Македонија Блокира“ пред неговиот дом им укажа дека писмото го доставуваат на погрешна адреса, односно дека тоа треба да се испрати до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Како пратеник од Охрид сакам само да кажам дека треба да имате верба…Работата е премногу сериозна и јасна, ова се притисоци што не можат да помин