Прва помош кога ќе ве заболи грбот: Зелката го смирува ишијасот

Студеното време знае да ги отвори старите болки – болките во грбот или да предизвика ишијас кој порано не ве мачел. Доколку тоа ви се случи и вам, а при рака немате ништо друго што може да ви ги олесно болките, тогаш земете лист зелка.

Измијте ја зелката и благо сварете ја во чиста вода, па уште додека е топла, ставете ја на болното место и држете додека целосно не се излади.

Најдобро е да не ја тргате за време на целата ноќ, а потоа наутро да го повторите истиот третман. Можете и така измиена да ја исецкате , израмните со чаша па да ја ставите на болното место, да ја покриете со памучна крпа и на крајот да ја прицврстите со завој.

Важно е три пати на ден да ги менувате облогите, за ефектот да биде добар. Зелката на ист начин се користи и за проблеми со проширени вени, рани, чирови и мигрена.