Првата приватна вселенска мисија веќе e факт

Првата приватна мисија до Меѓународната вселенска станица беше лансирана од космодромот Кејп Канаверал, откако беше одложувана неколку пати.

Во вселенското летало Dragon има поранешен астронаут на НАСА и тројца бизнисмени кои платиле по 55 милиони долари за патување, сместување и храна за време на мисијата.

Тие ќе останат повеќе од една недела. Од нив се очекува да спроведат научни експерименти. Нивниот брод денеска треба да се приклучи на станицата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното