Свет

Првиот кинески конкурент на Боинг и Ербас е веќе на пистата

Првиот кинески конкурент на Боинг и Ербас е веќе на пистата

Првиот кинески патнички авион на долги релации C919 беше претставен од производителот Commercial Aircraft Corporation of China (COMAC) на China Eastern Airlines во Шангај во петокот.

Се очекува China Eastern да го направи својот прв патнички лет со моделот во пролетта 2023 година, објави Ројтерс, цитирајќи ја државната новинска агенција Ксинхуа.

Во петокот, C919 направи само 15-минутен демонстративен лет за да го одбележи историскиот момент.

Авионот е директен конкурент на А320нео на Ербас и 737 МАКС на Боинг.

Кинеската машина беше сертифицирана за безбедно работење во септември и масовно производство во ноември. Има „тесно“ тело, должината на летот му е до 5555 километри. Авионот го направи својот прв пробен лет во мај 2017 година.

COMA во ноември објави дека примила 300 нарачки од кинески лизинг компании за испорака на авиони C919.

Кинеските амбиции за авиони со тесно тело се интензивираа во последниве години во услови на влошување на односите со САД, што ја зголеми загриженоста во Пекинг дека е премногу зависен од Ербас и Боинг.

Засега, C919 во голема мера се потпира на западните компании за компоненти, вклучувајќи мотори и системи за контрола на летот. Кина се обидува да го зголеми уделот во сопственото производство развивајќи алтернативен мотор, пишува „Ројтерс“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни