Вечерва во Чаир, во близина на маркетот Принц имало инцидент во кој било употребено огнено оружје. МВР потврди дека имало пукање, помеѓу две лица од едната со друго лице од другата страна, но додаваат дека во инцидентот нема повредени. Како што велат од МВР повеќе детали за овој инцидент ќе бидат објавени утре бидејќи се врши увид на местото на настанот.
Неофицијално ТВ21 дознава дека инцидентот настанал поради имотно правни односи помеѓу лицата.