Попладнево во Центарот за социјални работи Прилеп се случило пукање.
Според информациите, маж влегол во канцеларија на вработена и испукал 2 куршуми кон неа, неофицијално нанесувајќи повреди во пределот на стомакот и главата.
Неофицијално, таа во неколку наврати била вознемирувана, а и имала закани од осомниченото лице, бидејќи не бил задоволен од нејзиното постапување.
Тешко повредената во моментот е во Општа болница Прилеп, додека осомничениот е приведен во полициската станица во Прилеп.