Ноќеска по полноќ имало пукање во скопската населба Чаир.
Неофицијално, со огнено оружје едно лице е повредено, додека друго лице загинало.
Се работи за мажи на возраст од 35 години.
Од Градската болница „Свети Наум Охридски“ велат дека едно лице било донесено без знаци на живот, додека друго лице кое било повредено е во стабилна состојба.