Најмалку четири лица се повредени во пукање во училиште во шведскиот град Оребро, јавуваат медиумите.
Во училиштето е во тек голема полициска акција. Според неофицијални информации имало пукање од автоматско оружје.
Проценката на полицијата е дека има црвен аларм и дека ситуацијата не е под контрола.
Неофицијално, меѓу ранетите има и полицајци.
Полицијата ги повика сите да избегнуваат области каде има полиција.