ПУКАЊЕТО НА ФЛОРИДА Е „СРАМНО“: Трамп: Нема да предлагам промена на законот

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „срамота“ пукањето во Државниот универзитет во Флорида, во кое загинаа две и беа повредени најмалку пет лица, и рече дека е малку веројатно федералните закони за оружје да се променат.

  • Јас сум голем поддржувач на Вториот амандман. „Овие работи се страшни, но тоа не е пукање со пиштоли во луѓе, туку луѓе“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен. Тој нагласи дека има обврска да го заштити Вториот амандман, кој на граѓаните на САД им дава право да носат оружје.

За време на неговата претседателска кампања минатата година, Трамп им рече на поддржувачите дека Вториот амандман е „под опсада“.

Пукањето на Универзитетот во Флорида се случи вчера малку пред пладне по локално време кога 20-годишен вооружен маж отвори оган во студентски дом на универзитетот во Талахаси.

Напаѓачот бил син на заменик на шерифот и пукал од нејзиниот службен пиштол.

Полицијата соопшти дека кампусот сега е безбеден и побара од студентите да се држат настрана од активните области на местото на злосторството.

Сите предавања и настани се откажани до утре, соопштија од Универзитетот.

Ова е шесто масовно пукање во Флорида од почетокот на годината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното