Путин ги потпиша пристапните договори на украинските територии. Со денешните дејствија Русија тврди дека поседува речиси 17% од територијата на Украина.
Станува збор за самопрогласените народни републики Луганск и Доњецк на исток и окупираните региони Запорожје и Керсон на југ. Нивната вкупна површина е околу 104.000 квадратни километри или нешто помалку од територијата на Бугарија.
Сепак, ниту еден од четирите области не е целосно заземен од руските сили, а украинската контраофанзива продолжува во овој час.