Свет

Путин му изрази сочувство на новиот крал Чарлс Трети

Путин му изрази сочувство на новиот крал Чарлс Трети

Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на новиот крал на Обединетото Кралство, Чарлс Трети, за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

„Името на нејзиното височество е нераскинливо поврзано со главните настани во поновата историја на Обединетото Кралство. Со децении, Елизабета Втора беше сакана и почитувана од нејзините поданици и на светската сцена. Ви посакувам храброст и цврстина во лицето на оваа тешка , непоправлива загуба“, се вели во пораката објавена на каналот Телеграм на Кремљ.

Рускиот лидер побара и зборови на сочувство и поддршка за членовите на кралското семејство и народот на Велика Британија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни