Путин: Му се заблагодарив на Трамп за поддршката во преговорите

Рускиот претседател Владимир Путин во изјава за медиумите, по разговорот со американскиот колега Доналд Трамп истакна дека имал многу информативен и доста искрен разговор, и многу корисен во таа смисла.

„Прво, му се заблагодарив на американскиот претседател за поддршката на САД во продолжувањето на директните преговори меѓу Русија и Украина за евентуален мировен договор. Американскиот претседател го изрази својот став за прекинот на огнот. Од моја страна, забележав дека Русија е исто така посветена на мирно решавање на украинската криза. Едноставно треба да ги утврдиме најефикасните начини за постигнување мир“, вели Путин.

Според него, напорите за завршување на војната во Украина се „на вистинскиот пат“ и дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.

„Се согласивме со претседателот на Соединетите Американски Држави дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за можен иден мировен договор, кој би дефинирал бројни елементи, на пример, принципите на решението, роковите за евентуален договор“, изјави Путин пред новинарите во близина на црноморското одморалиште Сочи.

Путин рече дека доколку се постигнат соодветни договори, може да се постигне примирје, додавајќи дека директните разговори меѓу Русија и Украина „даваат причина да се верува дека генерално сме на вистинскиот пат“.

„Сакам да истакнам дека ставот на Русија е сосема јасен. За нас, најважно е да се отстранат корените на оваа криза. Потребно е само да се утврдат најефикасните начини за постигнување мир“, рече Путин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното