Свет

Путин: Немаме ништо против Украина да влезе во ЕУ

Путин: Немаме ништо против Украина да влезе во ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Русија нема ништо против влезот на Украина во Европската унија.

„ЕУ не е воено-политички блок, за разлика од НАТО, затоа секогаш сме велеле и секогаш сум велел дека нашата позиција овде е конзистентна, разбирлива, немаме ништо против тоа“, рече Путин за време на панел дискусијата по говорот на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.

„Суверена одлука на која било земја е да се приклучи или да не се приклучи кон економски сојузи, а на тоа економско здружение е дали ќе прифати нови држави во своите членки или не. Колку што е целисходно за ЕУ, нека земјите од ЕУ сами одлучуваат. корист или на штета на Украина е и нивна работа“, рече Путин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни