Свет

Путин во средата ги откри целите за руската војска во 2023 година

Путин во средата ги откри целите за руската војска во 2023 година

Рускиот претседател Владимир Путин утре на средба со високи воени офицери ќе ги одреди целите на руската армија во 2023 година.Ова денеска го соопшти Кремљ, речиси 9 месеци по почетокот на офанзивата во Украина, јави Франс прес.

Путин ќе учествува на проширен состанок во руското Министерство за одбрана. „На него ќе се направи резиме на резултатите од акциите на руските вооружени сили во 2022 година и ќе се постават целите за следната година“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу ќе учествува на овој состанок за да „извести за напредокот на специјалната воена операција“ во Украина и за снабдувањето со оружје на вооружените сили. Речиси 15.000 високи руски воени лица ќе учествуваат на состанокот преку видео-конференција.

Русија, која започна голема офанзива против соседна Украина во февруари, претрпе големи загуби и беше принудена да се повлече од Харковската област во североисточна Украина и јужниот град Керсон. Путин денеска призна дека ситуацијата е „исклучително тешка“ во четирите региони на јужна и источна Украина за кои Русија тврди дека ги анектирала без целосно да ги освои. Годината што доаѓа ќе биде запаметена и по мобилизацијата на 300.000 руски резервисти, процес обележан со злоупотреби и грешки кои ги призна дури и самиот Кремљ, а кој предизвика илјадници мажи да избегаат во странство за да избегнат да бидат испратени на фронтот, забележува АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни