Путин воведе ограничувања за движење во и надвор од регионите што граничат со Украина

Владимир Путин денеска на состанокот на Советот за безбедност на Русија објави одлука за ограничување на движењето во и надвор од осум руски региони кои граничат со Украина.

Мерката за ограничување на движењето се однесува на јужните руски региони Краснодар, Белгород, Брајанск, Воронеж, Курск и Ростов, кои се граничат со Украина. Покрај тоа, се однесува и на украинските територии Крим и Севастопол, кои беа анектирани од Русија во 2014 година.

Тој, исто така, нареди формирање на нов координативен совет, кој ќе го предводи рускиот премиер Михаил Мишустин, и треба да ја „засили интеракцијата меѓу различните владини агенции поврзани со конфликтите во Украина“, пишува Гардијан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното